Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер пропушти голема шанса да продолжи со серијата победи во Европската лига и вечерва одигра само реми против Спортинг. „Зелено-белите“ одиграа квалитетно на гостувањето во Лисабон, но иако имаа позитива во текот на целиот натпревари, во самиот финиш избрзаа во клучниот напад и дозволија Спортинг да грабне бод од овој меч (27-27).