Почитувани сограѓани, Државниот архив – Одделение Битола Ве повикува вечерва да присуствувате на изложбата која во рамки на јубилејното 15-то издание “Локум фест музика и традиција” ќе ја организира во срцето на старата битолска чаршија на новата пешачка зона покрај реката Драгор.
Изложбата ќе содржи многу фотографии и документи од богатиот градски живот во минатото каде за првпат ќе бидат претставени битолчани присустни во боемскиот живот на Битола, со содржина која е адекватна на настанот насловен “Распеана чаршија”.
На штандот за презентација ќе има изненадување за сите вљубеници во раритети од конзулскиот период и тоа грамофонот на Манаки произведен од фабриката Нестле во 1928 г.
Се гледаме во 21.00 ч. Стара Чаршија пешачка зона покрај река Драгор.