Зимата во Битола, најниската температура како и големината на снежната покривка е различна од година до година.Така да знаеме за зими и до -40 степени под нулата, знаеме дека Битола често може да биде и најладен град како во Македонија така и Европа.Според историските податоци, височината на снегот што паднал изнесувала 52 сантиметри во 1954 година, 63 сантиметри во 1962 година, 55 сантиметри во 1975 година и 84 сантиметри во 1983 година. Притоа, во август 1978 и август 2007 година, на Пелистер паднал снег со дебелина од десетина сантиметри. На следниве фотографии ќе Ви прикажиме различни мотиви од зимите во Битола низ годините наназад. Најпрво слика од еден битолски овчар сликан некаде на Пелистер во 1916 г.

Градот Битола сликан од птичја перпектива за време на Првата Светска војна, забележливи се сеуште големите и познати Бела и Црвена касарна.








За битолските еснафи и љубители на убавините во животот никогаш немало зима, за што ни сведочи и оваа стара фотографија на Манаки. На санка пајтон со музика и мало ќумбе со ќумец до него некој битолчанец си ужива заедно со живата музиката и чалгаџиите по нашиот Широк Сокак…