Запознајте ги чупињата од @CrossfitBitola (https://www.instagram.com/crossfitbitola/). Битолчанки кои рушат стереотипи, кои се силни и тренираат напорно секој ден.

Зборувавме со нивниот тренер Елисавета Димовска за тоа како овие девојки тренираат и што е кросфит

Оние кои тренираат кај мене, изучуваат техники на олимсписко кревање на тежини, гимнастички движења кои се основа на кросфитот. Ова е прилично нов спорт во Битола, па често е помешан со аеробик или чисто кондиционен тренинг, но кросфитот е многу повеќе. Девојките кои тренираат кросфит не се плашат да креваат тежини, со секој тренинг се подобра, посилна верзија на себе.

Дали во вашиот клуб тренираат само жени ?

Не, групите се мешани, а чупињата им парираат и на многу од мажите кои тренираат кај нас.

Каде можи да се тренира кросфит во Битола, за оние кои би сакале во иднина да се придружат и да почнат да тренираат кросфит?

Кросфит во Битола, единствено се тренира во нашиот клуб – во спортскиот центар О2 Универзал во Битола. Сите кои сакаат да започнат да тренираат кросфит, можат да се приклучат во почетничката група каде се изучуваат основите на овој спорт – Олимписко кревање тежини.

Поздрав до Ангела, Елена, Андријана, Силвана, Марија, Сандра, Емилија, Викторија, Изабела, Елена, Александра, Симона, Катерина и други.

Среќен 8ми Март Битолчанки, продолжете да мотивирате.