СМОТРА е мултимедијален проект во форма на музички фестивал креиран од млади ентузијасти кој како главна цел има да ја децентрализира електронската музичка сцена и да ги приближи младите од Битола и Македонија до современата уметност.
Со необични локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.
Овогодинешното издание ќе се одвива два дена од кои:
Ден 1 / 05-ти Јули 2019 – Петок / 17:00 ч. – 21:00 ч. / Нова Сцена – Центар за Култура – Битола
Панел Дискусија: Што претставува технологијата за иднината на музиката?
Технологијата со децении ја промени музиката, од воведувањето на синтисајзерот до поп-иновацијата на „авто-тјун”, а сега сме дури и сведоци на поп ѕвезди на проширена/виртуелна реалност. Но, колку различна ќе биде иднината на музиката?
На панел дискусијата учество ќе земат реномирани личности во сферата на музиката и информатичките технологии.
Ден 2 / 06-ти Јули 2019 – Сабота / 21:00 ч. – 02:00 ч. / Стара Битолска Чаршија / ул. Панда Чеснова
Фестивалска вечер
Line-up:
◥ BINARY THOUGHTS
◥ BERRYQYAT
Апликација за волонтери:
Линк до фејсбук настан:
https://www.facebook.com/events/2133769973590404/