Јени Маале е најстарата христијанска населба во Битола, на источната страна на градот. Населението во Јени маало е познато по фамилијарните прекари: Балтовци, Дивите, Пиздевци, Тотоловци, Чавкаровци, Пајовци, Прзовци, Пајкаровци, Пустовци, Чекутковци, Пачаровци, Кузевци, Деребановци, Деветлепешки, Параманци, Деветтантерии, Полежиновци, Мечевци, Грневци и многу други.
Зборот јени (турски : yeni значи ново) , и (mahaale ) -маало.
Јени Маале било формирано од турската администрација на градот за да ги собере сите христијански семејства кои дошле во градот од други места. Тие по традиција биле занаетчии и бавчанџии. Во Јени Маало од турско време па сe до ден денес постои сретсело . Горното сретсело е во близина на мостот Сали, додека пак долното е во центарот на Јени Маале. Јенимаале е симболот на непокорот во Битола.Пред Јенимаале,на местото викано Атпазар е обесен големиот војвода Александар Турунџев со цел на Јенимаалци да му се внеси поголем страв во нивното учество за време на херојските подвизи и востанија. Ние битолчани Јенимале си го викаме Гинимале. Зошто комитите и војводите им “гинеле” на турскиот аскер во нивната потрага по нив, кога тие избезумено ги барале низ сите гинимаалски куќи,низ сите тие тесни сокачина, со кои се поврзани повеќе куќи една до друга. Една порта а повеќе куќи,повеќе куќи уште повеќе излези и лавиринти… Старата архитектура со новите времиња гинималските куќи ја имаат изгубено, останаа само неколку кои се бројат на прсти и не подлегнаа на модерните трендови и предизвици, што од немаштија, што од негрижа и нивна не навремена заштита како дел од нашето културно-историско наследство…