mde_vivid

На 27 Март 2019 година во ресторанот Грне, Магнолија после 69 години од отворањето на првото радио во независна Македонија, Радио Битола (1950 г. ), се собра дел од колективот на вработените кои достојно и скромно го одбележаа јубилејот 69 години од нивното основање.

На групната фотографија се од десно па на лево Боби Сиљановски, Пенчо Малков, Илија Малков, Димитар Спасевски, Маринчо Петровски, Николче Терзиевски, Соња Живковиќ, Снежана Најденовска Христова, Борче Начовски, Данка Јанковска, Драгица Проданова и Петар Ставрев.

Радио Битола функционираше со десетина вработени сѐ до декември 2009 година. Во неговите најдобри времиња броеше 40 вработени заедно со оркестарот Чалгии во кој активно беше вклучен и Ајри Демировски.

Нека Ви е честит јубилеј Радио Битола со една голема желба да се вратите пак во етерот на нашиот град!

Голема благодарност до Петар Ставрев за раскажувањето и фотографиите.