СК ПЕЛИСТЕР се враќа на старата традиција како главен и единствен промотор на зимските спортови во Битола и пошироко.
Битолчанката Ева Милевска го освои 3-то место и бронзен медал на меѓународното првенство “ТРОФЕЈ БЕОГРАД” кое се одржа на Копаоник Република Србија во конкуренција до 12год. “У12”.
Ова е прв меѓународен трофеј на такмичар на СК ПЕЛИСТЕР после многу години и не прави пресреќни да знаеме дека целиот вложен труд до сега не води во права насока.
Браво Ева за овај голем успех, браво за родителите и нивната поддршка, браво за стручниот штаб и нивната организација.
Нека послужи овај прв успех да ги мотивира уште повеќе нашите членови да тренираат повеќе зошто го очекуваме истото и од нив.
СК ПЕЛИСТЕР е БИТОЛА – БИТОЛА е СК ПЕЛИСТЕР!
Честитки!
Фото и инфо Ски Клуб Пелистер