Деновиве нè напушти познатиот и голем битолски ликовен уметник Таки Кота. Роден во Битола 1958 година каде завршува Гимназија.
Виша ликовна Академија завршил во Скопје во класата на проф. Димитар Кондовски, а се дообразовал во Приштина.

Бил познат и признат уметник, како и член на ДЛУБ и ДЛУМ. Беше мајстор за прикажување на жената и нејзината убавина преку четка и бои, како и експерт за графики.
Поблиските пријатели раскажуваат дека многу убаво пеел, свирел на гитара и уживал во боемски живот.
Неговите дела ги красат домовите на многу битолски семејства, како и многу домови надвор од нашата земја.
Како негов најпрепознатлив цртеж, но помалку знаен за нас битолчани е “битолското чупе” кое ја краси амбалажата на нашиот голем бренд Битолска Млекара.
Таки Кота ни остави многу за сите…