90 години од раѓањето на Оливера Николова одбележани во Битола

од March 12, 2026 0 коментари

Со пригодна изложба и сеќавање на нејзиното богато книжевно творештво, НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола го одбележува јубилејот, 90 години од раѓањето на една од најзначајните македонски писателки, Оливера Николова.

Родена на 11 март 1936 година во Скопје, Николова остави длабока трага во македонската литература, создавајќи повеќе од шест децении дела за деца и возрасни. Нејзиното творештво се вбројува меѓу најчитаните и највлијателните во современата македонска проза, а многу генерации израснаа со нејзините книги.

По повод јубилејот, во библиотеката е поставена изложба на дел од нејзините книги, кои сведочат за богатото книжевно наследство и за живот исполнет со идеи, мисли и инспирација. Со ова одбележување се оддава почит на авторка која со својот талент, скромност и посветеност остави трајно културно наследство.

Оливера Николова важеше за писателка со силна книжевна визија и длабока човечка чувствителност. Преку своите дела таа отвораше нови теми и хоризонти во македонската литература, внесувајќи свежина, искреност и мудрост во раскажувањето.

Со своето творештво таа останува трајно запишана во културната меморија на Македонија, а нејзините книги и понатаму ќе бидат инспирација за новите генерации читатели.

Вечна слава на големата македонска писателка.

Babam Bitola

Comments are closed.