Деновиве излезе од печат најновиот научен труд на Центарот за истражување на културата и национализмот (ЦИНИК-Скопје): Зборник на научни трудови: „Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“.

„Архиви на невидливите“ е научно-истражувачки проект посветен на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“, додека првиот број на „Македонка“ бил испечатен во извонредно тешки услови на 7 ноември 1944 г. во Битола.

Уреднички на изданието се Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска, заедно со авторите Дарко Стојанов-Леитнер, Мања Величковска и Христина Иваноска. Според изјавите на автор(к)ите, овој проект е од исклучителна важност во проучување на периодиката од македонското минато и оваа збирка нуди потенцијал за понатамошни истражувања од повеќе дисциплини. Вклучените во проектот ќе работат понатаму во насока на дигитализација на списанието со цел доближување на содржините од оваа периодика до јавноста.

Оваа година, на 7 ноември, изминуваат 78 години од првиот број на „Македонка“; а ова е првото сеопфатно истражување на списанието во современите хуманистички науки во нашата држава, кое се надоврзува на првите истражувања од 1970-те години. По тој повод, повеќе информации за зборникот, како и другите активности можат да проследат на официјалниот сајт на проектот nevidliviarhivi.mk.