Со доаѓањето на Културно-уметничката група „Кочо Рацин“ во ослободена Битола и играњето на претставата “Петтоимениот Ѓоре” на 14 ноември 1944 година, ставени се темелите на денешниот Народен театар – Битола.
Првите членови, основачи на Битолскиот театар биле Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, браќата Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, а за прв управник на театарот бил назначен Аки Павловски.
Членовите на театарот во Битола, 1944-1945 година
Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив а секако и вас драга публико претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време. Исто така одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатиот период беа изведени под силни протоколи и по сите препишани мерки на заштита.
Вашата поткрепа ни е потребна повеќе од било кога, зашто театарот без публика е безсмислен! Останете ни во добро здравје и се гледаме наскоро… стои на официјалната фан страна на Народен Театар Битола
Фото насловна Димитри Гиновски Гина