Синоќа, со аплауз и достоинство, заврши јубилејното издание на најстариот фолклорен фестивал во земјата – под слоганот „Денес за утре“.

Традицијата зборува низ чекор, песна, носија и уметност.
А ние и оваа година ѝ дадовме контекст: континуитет со почит, визија со корен.

Еве ги добитниците – домашните амбасадори на автентичното:

Најуспешна група за традиционална музика и игра:
КУД „Илинден“ – Демир Хисар

Најуспешна група за староградска музика и игра:
ВИА „Распеани струмичани“ – Струмица

Најуспешна вокална изведба:
Јовче Нанев – КУД „Весели пензионери“, Пробиштип

Најкомплетна изворна носија:
КУД „Илинден“ – Струга

Посебно признание за афирмација на традицијата:
▪️Димитри Балојани – илустратор на стрип
КУД „Русалии“ – Секирник

Зад оваа селекција стои жири-комисија составена од реномирани експерти:
проф. д-р Владимир Јаневски
проф. д-р Родна Величковска
проф. д-р Мирјана Мирчевска
проф. д-р Беким Рамадани
доц. м-р Христијан Николовски

Нека одекнуваат дамарите и во годините што следат. За утре, но со она што сме го наследиле.