Од корените…до цветот

Тоа е годинешниот слоган на фестивалот кој значи лето во Битола, значи носење на светскиот фолклор на улиците и сцените низ нашиот убав град, значи и поздрав и со нашите македонски игри и песни, обичаи…значи почит кон традицијата и поглед вперен кон тоа како традицијата ни дава сила за иднината, како и коренот што дава надеж за цветот…

И ова е само најава за досега можеби најбогатото фестивалско издание кое се шири со повеќе денови за разлика од порано, воведува и фестивал на етно филмови, носи нови интересни концерт соработки, иновира нови научни собири на тема етнологија, работилници во кои се оживува традицијата и неколку модерни етно перформанси кои се цветот на фестивалот, посадени врз корените на традицијата.

Наскоро нови детали и најава на звучни имиња кои ќе ни гостуваат, а најавуваме и медимски една нова ера на фестивалот, која ќе го стави на листата фестивали кој ги користи новите медиуми за глобална промоција “во живо” на овој значаен фестивал.

Ова е годинашниот постер од кој ќе произлезе цела визуелна креатива за ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ кој од 18-30 јули 2022 ќе се случува во Битола 🔴

Фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ е во организација на Центар за култура Битола и е во рамките на БИТФЕСТ – битолското културно лето.

Финансиски е поддржан од Општина Битола и Минстерството за култура 🔻🔻🔻

Овој фестивал е еден од лиценцираните светски фестивали на CIOFF светската фолклорна организација која се грижи за унапредување на грижата на нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите, со што ја продолжуваат мисијата на УНЕСКО, со која CIOFF е во официјално партнерство 🔴