5 Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите. Секој воспитувач, учител, наставник, професор, е значајна личност во растот и развојот на децата и младите. Времињата се менуваат, па така и тие. Освен класичниот воспитно-образовен процес кој го применуваат, користат техники за поддршка, личен развој и поттик на индивидуалноста на секое дете. Овој ден е за нив, и секој следен, затоа што заслужуваат високо да ги вреднуваме и почитуваме за она што сме биле, сме и ќе бидеме благодарение на нив.

По тој повод разговараме со Дијана Нечовска и Магдалена Најдовска од ПУДГ “Мали Генијалци” – Битола

Дијана Нечовска – Дипломиран воспитувач

Да се биде воспитувач, учител, наставник, професор е професија која бара многу одрекување, но и многу убаво чувство кога се гледаат успесите на своите ученици во понатамошното обрзование па и во животот. Бидејќи Вие ги давате темелите и навиките на секое дете од најрана возраст , која е Вашата порака на овој ден, до колегите, родителите па и за децата?

Да се биде воспитувач, учител, наставник или професор е навистина благородна професија. Сите ние, па и моите колеги влијаеме врз развојот на децата, а родителите се еден значаен дел од целокопниот училишен процес уште од предшколска возраст. Мојата порака е да ги поддржуваме и охрабруваме децата во нивното образование бидејќи нашата љубов и поддршка се клучни за нивниот успех. Децата да учат со љубопитност и радост за нив секој нов ден е нова можност да научат нешто ново. Сите заедно можеме да создадеме подобра иднина преку образованието.

Како Вие во вашата градинка го одбележувате денот на наставниците, и што за Вас претставува истиот?

Во нашата градинка денот на учителите го одбележуваме со активности кои ќе ги научат децата да ги почитуваат учителите сега и во иднина во текот на образовниот процес.

Што го прави еден учител успешен во она што го прави?

Секој учител е успешен колку што се успешни неговите ученици. Според тоа децата кои излегуваат од нашата градинка и успешно продолжуваат во образовниот процес е она што покажува колку сме успешни ние како учители но и целиот тим со кој работиме.

Во денешно време на напредни технологии, според вас каков треба да биде односот со децата, строг – другарски?

Во денешно време на напредни технологии, односот со децата треба да биде балансиран комбинирајќи и строг и другарски пристап. Другарскиот пристап помага во градење доверба и отворена комуникација, за децата да се чувствуваат слободни да ги споделат своите мисли и чувства што е важно за нивниот емоционален развој. Строгиот пристап е неопходен за поставување јасни граници и правила. Ова им помага на децата да развијат чувство на одговорност и дисциплина. Напредните технологии носат предизвици за поставување на јасни граници и правила за нивна употреба.

И на крај зошто ја препорачувате Вашата градинка за идните генерации?

Она што нас не прави поразлични од другите градинки е воведувањето на активности со кои децата директно се запознаваат со општеството и природата и со реални примери и задачи го спознаваат светот околу себе.

Магдалена Најдовска – Дипломиран воспитувач

Да се биде воспитувач, учител, наставник, професор е професија која бара многу одрекување, но и многу убаво чувство кога се гледаат успесите на своите ученици во понатамошното обрзование, па и во животот. Бидејќи Вие ги давате темелите и навиките на секое дете од најрана возраст , која е Вашата порака на овој ден, до колегите, родителите па и за децата?

Мојата порака е дека децата се нашата иднина затоа ние треба да инвестираме во нив: пред се љубов, внимание, време…. да им овозможиме тие да пораснат во индивидуи кои подоцна цела таа љубов да ја споделат со нас и со светот.
Како Вие во Вашата градинка го одбележувате денот на наставниците, и што за Вас претставува истиот?

На овој ден најчесто заедно со дечињата правиме активности или изработуваме креативни изработки поврзани со темата.
На овој ден децата можат подобро да се запознаат со улогата на учителот и местото кое го имаме во нивниот живот. Овој ден претставува и можност да има се заблагодарам на сите наставници кои биле дел од нашиот или дел од животот на нашите деца и оставиле трага.
Што го прави еден наставник успешен во она што го прави?
Да се биде квалитетен наставник, пред сѐ, е потребно да се има голема љубов кон децата, љубов кон самата професија, да се биде трудољубив, посветен, заинтересиран, одговорен, креативен, трпелив, искрен, толерантен, добар педагог и психолог, советодавец, методичар, кој е максимално ангажиран и подготвен за прифаќање сугестии и новини во образованието.
Во денешно време на напредни технологии, според вас каков треба да биде односот со децата, строг – другарски?
Во време на напредни технологи сметам дека пред се треба да се воспостави една умерена поврзаност помеѓу нив, пред се другарскиот однос му овозможува на самото дете полесно да се прилагоди на средината , да се стекне неговата доверба, строгиот овозможува кај детето да се развие чувство на почит и одговорност.

И на крај зошто ја препорачувате Вашата градинка за идните генерации?
Нашата градинка би ја препорачала за идните генерации затоа што се одликува со несекојдневни карактеристики за една градинка, во нашата градинка децата се запознаваат со класичните знаења на забавен начин преку игри и активности, екскурзии кои прават и најтешките теми да бидат лесно запаметени.

Разговорот го водеа : Н.С. и С.Д.

Фотографии : Приватна архива