43 годишниот битолчанец Борко Андреевски во текот на вчерашниот ден ја прими пробната вакцина за Ковид 19.

Во денешното интервју за ТВ Сител изјави дека се чувствува уште подобро од неговата последна состојба, денес е плус и среќен бидејќи нема да може и да заболи од опасниот вирус. Вакцината е иста како и другите вакцини кои ги има примено и му била ставена преку долга игла во левото рамо.

Како возач на такси возило во Англија често пати имал можност да ги вози докторите, доброволците а понекогаш и пратките со вакцини до клиниките, за што и самиот се одлучил да биде дел од светското хумано истражување на Универзитетот Оксфорд.

Фотографии и детали во врска со вакцината согласно протоколот на клиниката не смеат да се споделуваат.

Во текот на наредните 28 дена треба електронски да пополнува дневник во врска со неговата моментална состојба и температура, доколку има некои проблеми дадени му се контакти од надлежни доктори кои треба да ги информира за навремена реакција.

Од нас да му посакаме се најдобро и на здравје да му е вакцината. Да се надеваме дека се ќе биде во ред и битолчани ќе останат како дел од поновата историја каде ќе биде пронајден лек за опасниот вирус.

Интервјуто на Борко беше дадено за Сител ТВ