40.000 мазници ќе се исукаат и изедат вечерва и утре во Битола, по повод верскиот празник Василица. Битолчани на овој ден го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година.
Василица во Битола се слави исто како и Нова година. Прославите почнуваат три дена пред празникот и завршуваат два дена по него. Пред Василица во битолските кафани се собираат вработени од фирмите и вртат мазник со пара. Некои адетот го прават на работните места, но речиси никој не го испушта. Ноќта пред Василица, по кафеаните се собираат пријателите, а утре, на денот на празникот сите вртат по дома мазник. Оние кои поради различни причини не ќе стигнат, парето го бараат ден до два по Василица.


Овој обичај ги сплотува сите битолчани, па во традиционалнито вртење мазник неретко на работните места, со пријателите, соседите вртат и Роми, Албанци, Турци.
Жанета Здравковска
Повеќе на СДК.МК