НЕПРЕБОЛ,

Ко вчера да беше чинам во 1960 или 1961 година во старото студио на радио Битола (кај црн мост на реката Драгор) кога пред Кочани (Стјановски Кочо) авторот на легендрната “Те видов тебе и се заљубив” и Jово Вељановски авторот на текстот “Kaжи зошто ме остави” (каде што на закажаната аудиција како нивни фан присуствував и јас) од чинам нејзиниот вујко беше промовиран сјајот на штотуку родената ѕведичката со коси долги до појас – малечката Сашка.

Ко вчера да беше чинам во 1967 кога на втората гитаријадата во Гевгелија, Сашка како член на групата “Скромни” од Битола освои награда за вокална интерпретација со праизведбата на мојата “Вечерна молитва” .

Ко вчера да беше чинам во 1969 година кога во старото студио 6 на Радио Скопје за музичката продукција во приружба на “Плави ансамбл” од Белград за потребите на ТВ емисијата “Пееме народно пееме забавно” ја реализира својата прва студиска снимка на песната “Врати се”

Ко вчера да беше кога во 1970 година на фестивалот “Омладина 1970” ја освои наградата за најуспешен дебитант, по што се редеа настапите на фестивалите во Брашов (Романија),Варна (Бигарија), Скопје, Опатија, Сараево, Белград, Сплит,……..

Чинам ко вчера да беше кога претежно во моја продукција во периодот до 1983 како солист и член на фамозната група “Македонија” под водство на легендарниот Благој Чешларов во која како клавијатурист членуваше нејзинот сакан Марио, ги сними своите незаборавни интерпретации на песните БАКНИ МЕ, ДОВИДУВАЊЕ ГРИША, СРЕКНА СУМ ШТО ЖИВЕАМ, ЖОЛТА РАПСОДИЈА, ОХРИДСКА ЕЛЕГИЈА, МИ ТРЕБАШ СЕГА, ПЕСНО МОЈА, ЕСЕНСКА РОЗА, ИМА ЕДНА МОМА, НА ПУСТ ОСТРОВ, ЧАО АДИО (на нејзин текст) и без број други.

Ко вчера да беше кога на денешен ден 31 август 1983 година замина кон зведите.

“Размислував јас долго многу ноќи немав сон, не ми беше ни лесно да ти кажам, дека љубовта ќе остане за нас ко спомен нем, и збогум морам да ти речем јас……………”

ЧАО АДИО!

Славе Димитров

Поврзано :

ГОЛЕМИ БИТОЛЧАНКИ: САШКА ПЕТКОВСКА ЛИПША