Мерната станица во населбата Бадембалари со екстремно високи вредности поради аерозагадувањето во тој дел на градот.

Во прилог на овие вредности ги објавуваме и фотографиите кои ги добивме од околните жители кои изјавуваат дека ова е секојдневна слика, а посебно за време на викендите. Исто така, проблем за овие жители е недостапноста на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи како што изјавуваат никој не се јавува на дежурниот телефон 076/446-256 кој е јавно објавен од нивна страна. Се надеваме дека новото раководство на Инспекторатот ќе направи напори за зајакнување на врската помеѓу граѓаните и надлежните служби.

Препорачуваме граѓаните од овој дел на градот да ги ограничат нивните движења на отворен простор сѐ до нормализирање на состојбата апелираат од платформата ЗемиЗдив.

Фото Зоран Илиевски