Детското одморалиште на Пелистер е пуштено во употреба далечната 1985 година и успешно работело дури 31 година. Од страна на Министерство за труд и социјална политика неколку пати било огласено за продажба, но и покрај добрата кондиција тоа од за нас неразбирливи причини не било продадено. За цена од 300.000 евра немало заинтересирани?

Инаку објектот на Детското одморалиште на Пелистер располага со околу 300 легла, распоредени во 4 и 5 креветни соби со сопствени ВЦ-иња и балкони, менза, голема сала за забави, како и игралиште и ски лифтови. Тука до нивното затворање функционирала и школа за скијање, а се изведувала и настава во природа за време на летниот и зимски распуст.

Пред 16тина години, во 2006 било издадено под закуп/концесија на вработените во одморалиштето (17 години раководител бил кадар на ЛДП), во времетраење од 20 години (Договорот требало да истечи во 2026, ама е претходно раскинат најверојатно во 2008).
Договорот за закуп опфаќал сместувачки капацитет со придружни елементи на вкупна површина од околу 4000 м2 и двор од повеќе од 36.000 м2, а цената на закупот била едно евро по метар квадратен на годишно ниво или 4000 евра (читајте четири илјади евра годишно) за сѐ вкупно, а договорот е склучен во време на СДСМ / ЛДП – потписник е Стевчо Јакимовски – тогаш бил во ЛДП)

Во 2009 година е поднесена иницијатива од страна на СДСМ (Томе Наумов) Детското одморалиште да премине во надлежност на Општина Битола. Тогашниот Градоначалник на Битола Владимир Талески се согласил со иницијативата, но до ден денес статусот на ДеЦкото остана нерешен и непроменлив, иако една поголема група припадници на политичка партија промовираја нивни спот во предизборна кампања и за жал до ден денес, не го вратија џагорот на детските грла кои некогаш престојуваа на ова место.

Повеќе инфо :