30 ученици од Гимназијата Јосип Броз Тито од Битола придружувани од тројца предметни професори се на третата по ред меѓународна размена со училиштето Томас Песке од Куронс, Франција.
Во рамките на организацијата на патувањето, имајќи ја во предвид оддалеченоста на двете места, учениците пред пристигнувањето во Кутонс ги посетија: Виена, Ремс и Париз.
За време на престојот во градовите посетени беа објекти и институции од различен карактер, значајни за европската историја-Природонаучниот и Историскиот музеј во Виена, Катедралата во Ремс каде се крунисани француските кралеви.
Во Париз, секако најпрво Ајфеловата кула, на огромни задоволство на учениците, а потоа црквата Свето Срце, Монмартр, Операта, Лувр, Катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, Палатата Луксембург и нејзините градини. Пред заминувањето од Париз, учениците своето слободно време го поминаа на прошетка по единствената и прочуена улица,,Шанзелизе”.
Групата пристигна во Кутонс во понеделникот во попладневните часови каде по приемот организиран од страна на Директорот и вечерата учениците беа сместени во нивниот интернат или во семејства.
Вчера претпладне гостите беа информирани за структурата и функционирањето на училиштето, ги посетија неколку од нивните атељеа и имаа можност и да работаат заедно со своите кореспонденти.
Попладне,организирано со водичи на сите места беа посетени-Градската катедрала, Музејот и замокот во непостедна близина на градот.
Активностите продолжуваат и во текот на следните денови.