30 ГОДИНИ СОБИРА СПОМЕНИ ОД ТРИБИНИТЕ – БИТОЛЧАНЕЦОТ САШО ЧКИНЕВСКИ ИМА КОЛЕКЦИЈА ОД НАД 300 БИЛЕТИ

од August 11, 2026 0 коментари

Битолчанецот Сашо Чкиневски веќе три децении ја негува својата голема љубов кон спортот на еден посебен начин – собирајќи билети од натпревари на кои присуствувал.

Неговата колекција започнува во 1996 година, а денес брои повеќе од 300 билети од фудбалски, кошаркарски и други спортски натпревари.

Меѓу нив има билети од натпревари на Пелистер и македонската репрезентација, Европското првенство во кошарка во Белград во 2005 година и многу други големи спортски настани.

Посебно место во колекцијата има билетот од незаборавниот натпревар Англија – Македонија (2:2), кога Артим Шаќири постигна легендарен гол директно од корнер.

Сашо планира во скоро време целата колекција да ја претстави пред битолчани на изложба во Домот на културата.

Три децении, над 300 билети и стотици спортски спомени сочувани на едно место.

Babam Bitola

Comments are closed.