Викендов забавата во кафе бар Порта џез, беше потсетување на една младост, потсетување на едно време, силна приказна за еден посебен град со авангардни луѓе, потсетување на животот во кафе баровите во Битола, односно потсетување на кафе бар Џуниор.

30 години од овој кафе бар, место во битолската стара чаршија, време кога најпосетуваните кафе барови беа токму во срцето на градот, во чаршијата, со една и единствена цел таа да заживее.
Битолчани кои го почувствувале тој дух на градот сигурно не можат да го заборават џагорот кој навечер до доцните часови се слушаше од Џуниор.
Овие кафе барови беа симбол на градот, на младите од Битола, гаранција за добра музика.

Битолчани се носталгични по тие златни времиња, особено во времињата кога хит беше да се собираш пред самиот кафе бар.
Присутните во Џез, се потсетија на едно посебно време, направија една незаборавна вечер која комплетно наликуваше на еден дамнешен период, на едно време, на една младост.
Време на пријателства кои ќе траат засекогаш, место од каде започнале бројни врски, соработки, време кое засекогаш ќе остане запечатено во спомените на Битолчани, дел од Џуниор.

Неда Маретиќ

http://tera.mk/30-godini-kafe-bar-dhunior-potsetuvane-na-edna-mladost/