„Форум на млади“ – Битола прослави 25 години постоење со повеќе активности изминатиот период а финалната манифестација се одржа во Офицерски Дом.

Покрај изложба на фотографии, постери, списанија, книги и останати материјали се прикажаја најбитните моменти од работата на организацијата како и проекција на документарните филмови од нивна продукција.