На денешен ден, пред 25 години, во близина на селото Гајре, во заседа поставена од припадници на ОНА, животот го загубија битолчаните Влатко Миленкоски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци.

Тројцата беа воени резервисти и припадници на Баталјонот на Воената полиција при Битолскиот корпус, кои својата должност кон татковината ја платија со највисоката цена – сопствениот живот.

Четврт век подоцна, споменот за нив не избледува. Нивната жртва останува врежана во колективната меморија на Битола, Новаци и Македонија.

Во знак на почит и благодарност, денес се потсетуваме на нивната храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината.

Вечна слава на Влатко Миленкоски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски.
Никогаш заборавени.
