Анлимитед Кодерс Академијата во Битола постави вистински стандарди за квалитетно образование и достигнувајќи висока цел за сите кои сакаат ја постигнат успех во изучувањето на странските јазици.

“Станува збор само за создавање на правилни навики и мотивации кои преку учење, игра и забава стануваат знаење кое им е потребно уште од мали нозе“- на кратко за почеток ни објаснуваат од таму.

Во однос на вродената способност кај поединци да учат јазици, нема ништо што ги прави полоши или помалку подготвени да учат јазик и оние кои ја немаат таа дарба. Повторно сѐ се сведува на навиките, мотивацијата, но тука голема улога игра и начинот како сето тоа се изведува. Е тука е клучот на успехот или неуспехот на сите.

Начинот и пристапот на пренесување на знаењето може да биде или досадно, монотоно и непотребно напорно или пак добро смислено, креативно и иновативни, привлечни за секого.

Има образовни институции како што е Unlimited Coders Academy кои неформалното образование го сфатиле сериозно и се посветиле на вистинските вредности, затоа што тоа е многу повеќе од прибирање факти и помнење информации, повторување зборови и препишување, тестови и оценување. Таму и школската програма за деца од 1+во до 5-то одделение ја совладуваат за да стекнат знаење кое е потребно за нив, а не за петка. Таа самата си доаѓа.

Тука се работи за вистината за едно поинакво учење, учење кое ќе го сака секој и од кое знаењето ќе се впива природно, спонтано, преку истражување и креирање на љубопитност кај учениците, било тоа да се мали деца или возрасни луѓе.

Низ спонтаната употреба и примена на јазиците кои се изучуваат во Анлимитед Кодерс Академијата, таму се губи чувството на учење, а се развива еден сосема поинаков пристап на нивно користење.

Таму јазикот го има приматот на главно средство за комуникација, што впрочем и е, во една атмосфера на создадени услови за истиот да се користи.

Многу е едноставно, странски јазик се учи ако се користи, а реално ретко имаме можност да сме изложени на истиот. Па така програмата која сами ја создале како Академија нуди интерес кај учениците кои преку интеракција се вклучени во настани кои овозможуваат да се користи јазикот или акцентот да се стави на неговата функција.

Функционалниот јазик е во пракса најлесен за слушателите да можат природно и нормално да го прифатат.

Кој е начинот што ја прави оваа алатка прифатлива и успешна?

Доколку ја посетите Анлимитед Кодерс Академијата таму ќе ви биде се појасно и ќе ви биде понудена годишна програма за реализација на активностите и целите на проектот „Со широки видици кон светот учењето може да го сака секој”.

Иднината ја гледаат во градење личности кои излегуваат од рамките на маргиналото размислување и на младите слушатели им будат интерес за различни теми, дебати за светот околу нив и оној кој останува на нив.

Академијата нуди тематски и глобални содржини за учениците преку посети и средби секој месец, покрај редовните часови и со тоа се издвојуваат од останатите. Таму со леснотија децата од мали учат за бон-тон, врзување врвки па се до денот кога ќе стигнат да полагаат меѓународни испити и да напредуваат во кариерата или да запишат врвен универзитет.

Нека ни е честит Меѓународниот ден на образованието и наша должност е заеднички да имаме што повеќе генерации на деца и возрасни кои со љубов и радост ќе го прославуваат овај голем празник.

Академија Анлимитед Кодерс
Инстаграм