Ултра талентираниот млад спортист Стефан Влајковски е 23 годишниот битолчанец кој живее во Париз и кој многу мотивирано ги започна своите припреми за претстојниот натпревар во бодибилдинг во Македонија, но за жал заради настанатата вонредна состојба во државата Купот во бодибилдинг е откажан . Неговите амбиции не завршуваат тука, тој е во одлична форма иако има дури осум недели до одложениот натпревар. Можите да претпоставите каква форма би можел да има за тој период доколку се беше регуларно и натпреварот се одржеше на закажаниот датум.
Неговиот тренер Божидар Пецаковски кој што е исто шампион во бодибилдинг 2018 и 2019 во јуниори и во полутешка категорија е премногу задоволен од постигнатиот резултат. Во разговор со него тој тврди дека досега немал видено ваква трансформација за толку кратко време .
“Знам дека негде во светот има поголеми потенцијали, али ова е најголемиот потенцијал кој што го имам видено во живо, далеку најголем потенцијал”.
Истото го тврди и менторот Зоран Паљо кој овозможи припремите да течат во најдобар ред , се додека не стапи во сила мерката за затворање на теретаните во Македонија. Во секој случај тука не запират да соработуваат овие проверени спортисти кои се едни од најдобрите ако не и најдобри во спортот на бодибилдингот .
И заедно како тим ветуваат многу за иднината кариерата на овој наш битолчанец Стефан Влајковски најголем потенцијал и некрунисан шампион во Mens Phisique јуниори за 2020 година .