Агенцијата за обезбедување Карпатија, оваа година јубилејно го прославува своето 20 годишно постоење. Од 2004 година професионално ги извршува своите безбедносни услуги кон своите коминтенти и се до овој момент брои над 1000 задоволни бизниси и домаќинства.

Во оваа компанија, целокупната безбедност е најголем приоритет, особено во време каде што безбедноста преминува во услуга која што бара голема дискретност. Карпатија е токму агенцијата која што верува дека приоритизирањето на безбедноста е токму она што ја одржува и зајакнува соработката со коминтентите.

Со искуство од 20 години ги издвојува на пазарот како една од фирмите кои има стриктни сигурносни протоколи во техничкото и физичкото обезбедување. Доколку Вашата визија за безбедност се поклопува со оваа на Карпатија, тогаш нивниот тим во секое време може да одговори на Вашите безбедносни побарувања.