Осумнаесетгодишниот матурант од Битола Константин Николовски е еден од тројцата добитници на седумка во последното извлекување на лото, со што тој стана добитник на милион марки во динарска противредност.
Константин Николовски изјави дека е малку се возбуди кога констатира дека има погодено пет броја, возбудувањето се зголемило кога се направиле шест, а на радоста му немаше крај кога на ТВ екранот се појави и седмиот точен број.
Николовски, на кого двата родители се лекари, е многу скромен. Тој вели дека ретко игра лото и последен пат играше пред четири или пет месеци, сега плати само еден системски лист со осум броеви. Николовски е исто така е добитник и на шест шестки. Со парите што ги доби Константин има намера да се запиши и да учи медицина во некои од светските познати универзитети.
Исечок од весникот Слободна Далмација, 7-ми февруари 1991 г.