Голема фешта на ConTruDJ по повод нивната 15 годишна уникатна појава на музичката сцена

од August 12, 2022 0 коментари

На 15 август, во понеделник во Офицерски дом-плато 2 најавуваме голема журка на која сте поканети сите. Од првиот настап, пред точно 15 години наметнавме неконвенционален стил.

Бевме со Вас во најрадосните мигови кога славевте мали и големи победи, животни пресвртници или потсетници дека млади сте само кога ја слушавте нашата музика.

Зад нас се илјадници пропатувани километри, уште илјадници часови најведра музика на илјада различни сцени на различни географски локации. Музиката наша, 15 години е чиста среќа….

15 август-понеделник Офицерски дом-плато 2 ќе биде одржан бесплатен голем концерт на ConTruDJ поддржан од Општина Битола во годинешната програма на БИТФЕСТ почеток – 20:30 часот

ConTruDJ 🎶🪘🎶🎺🎶 🎧🎶
& пријателите на настанот

Општина Битола
• Dream Cast Production
• LOM label
• Cinemac
• Stikeri.mk
• Jagoda Bar
• Киро Дандаро

ПР на настанот Љубица Ангелкова

Дизајнер на креативата Ангела Христовска

ConTruDJ 15 years of happiness

Babam Bitola

Comments are closed.