Нашите 15 годишни млади битолчани Петар Крстевски и Никола Неделковски, едниот како капитен на Виенер Спорт Клуб, другиот капитен на ТВЛ Електра и заеднички играат во ВФВ – Лига Виена, се сретнаа очи во очи за време на меѓусебниот натпревар кој се одигра овај понеделник на 09.10.2023 г.
![](https://babambitola.mk/wp-content/uploads/2023/10/received_7029017617298545466552175308071719.jpeg)
Иако заедно со нивните фамилии се далеку од нивниот роден крај, сепак талентираните млади битолчани добиваат голема почит надвор од државата како вешти виртуози и предводници на играта како капитени во најспоредната работа на светот.
![](https://babambitola.mk/wp-content/uploads/2023/10/img_20231011_1811173445716304095144629.jpg)