Во недела, 14 декември, Чкембари Нова Битола, подгрупа на навивачката група Чкембари, ќе одбележат значаен јубилеј,15 години постоење, верност и безрезервна поддршка на РК Пелистер. Петнаесет години исполнети со трибини, гостувања, песни, знамиња и срце оставено за зеленo-белите бои.

Одбележувањето на јубилејот ќе се одржи со организирано гостување на ракометниот натпревар во Охрид, каде што Чкембарите ќе застанат зад својот клуб, како и секогаш, гласно, достоинствено и масовно. Целта е денот да биде крунисан со победа на Пелистер и вистинска навивачка дружба, достојна за јубилејот што се слави.

🚌 Превозот е обезбеден

Поаѓање во 16:00 часот

📍 Тргнување од на Бутки кај Ракометно

Чкембари Нова Битола се симбол на континуитет, млада сила што го носи и чува чкембарскиот дух, пренесувајќи ја љубовта кон Пелистер од генерација на генерација. Јубилејот е уште еден доказ дека верноста кон клубот не се мери со резултати, туку со присуство, секогаш и секаде.

Битола живее, Пелистер се сака!

15 години на трибина, со Пелистер до крај!