14 годишната битолчанка Марија Димовска која е лел од Кикбокс клубот ЕНЕРЏИ од Битола ќе се такмичи на Кикбокс јуниорско светско првенство во Лидо ди Јесоло – Италија под знамето и боите на македонската Кикбокс и Маитаи репрезентација, каде од 30.09- 09.10. 2022 г. ќе се натпреваруваат 62 држави и 2566 натпреварувачи.

Марија досега има земено учество на сите регионални WAKO (World association of kickboxing), турнири во Белград, Ниш ,Сараево, Краљево и Будимпешта.

Марија среќно!