Изминатиот викенд се возеше втората мотокрос трка од Македонскиот Шампионат во која учествуваше нашиот натпреварувач, Антонио Дамјановски (13) од Битола, кој убедливо го освои првото место во класата МХ85. И покрај тешките услови од дожд и кал тој успеа да победи и да го стигне вториот пласиран натпреварувач со цел круг!
Ние гледаме светла иднина во него кој со својот тренер Михаил Бајовски успеваат многу брзо да напредуваат и во следната сезона да атакуваат за топ 5 на Балканско ниво!
Браво за младиот Антонио, светлата иднина на битолскиот мотоциклизам.