mde_vivi

Почетоците на Средното земјоделско образование
Битола

Потребите и можностите претставувале мотив со одлука на турските власти, во 1908 г. во близина на црквата Св. Недела да биде основана Сточарска станица курсеви ученици”. Изборот просторот лоцирање на сточарската станица бил целосно оправдан бидејќи земјиштето во близината храмот Св. Недела претставувало граничен појас меѓу Пелагониската рамница и градот.

И покрај политичките немирни состојби (секојдневни крвави пресметки на војската револуционерните чети, со како и странските пропаганди во Македонија кои прават раздор и работат во прилог на сопствените држави Бугарија, Грција и Србија), Сточарската станица секоја година се зголемувала и со бројот на вработени и со бројот на ученици кои се обучувале како и со посетители народ со стока за прегледи, за добивање совети итн. Едноставно кажано: Станицата претставувала посебен белег на средното стручно школство градот Битола како и на своевиден начин била заштитена од турската војска.

Нејзин патрон била Воената касарна од каде доаѓале стручни лица кои држеле предавања. Станицата, покрај стока (коњи), располагала и со мала површина земја, а во таков состав и со посебна програма работела до Првата балканска војна. Поради воените случувања: големите тортури врз христијанското население, особено фамилиите на комитите и другите револуционери, скоро сите училишта во градот не работеле или работеле со прекини. Од 1911 г. работата во Ветеринарната станица започнала да се намалува бидејќи народот не бил во состојба да доаѓа, зашто било отежнато движењето поради несигурност, пљачкање и убиства.

Така, Битола со Пелагонија и Мариово ги зафатиле односно катастрофи, започнале Балканските војни 1912 г. – 1913г. На 28.11.1912 г. Битола потпаднала под српска окупација. После тоа се менувале бугарската со српската власт. Во текот на Првата светска војна, од есента 1915 г. до есента 1916 г. била под бугарска окупација, а од 1916 г.до 1918г. под српска реокупација. За време на реокупацијата Битола секојдневно била бомбардирана, градот бил разрушен, населението разбегано раселено, заболено од заразни болести. Битола и битолските села најмногу страдале од интернациите, особено во Првата светска војна. Биле интернирани дури и цели села.

Обновување на школувањето – 1912 г.

Во воените операции во Првата балканска војна Станицата била срушена. До крајот на 1912 г. новата српска власт ја обновила. Станицата ја претворила Ниже земјоделско училиште познато Југозападниот регион на Македонија како училиште за обука на кадар и за заштита на добитокот. Во Училиштето започнале да се одгледуваат и нови сорти на и растенија, да се негува пчеларството, да се обучува кадар за калемење на диви овошки итн. Новата зграда била поголема, земјишните површини проширени, засадувале дури и нови нагледни култури. Се набавил крупен добиток, свињи и др. Српската власт започнала да се грижи за стоката. Училиштето било прво од ваков вид во Македонија. Меѓутоа, воените операции, особено во 1913 г. и 1914 г. не дозволувале да се одвива наставата бидејќи имало многу бомбардирања. За да почне со работа во Училиштето биле направени најнеопходните подготовки: обезбедување наставен кадар и друг персонал, инвентар, учебни помагала и избор на идните ученици. Со редовна настава Училиштето почнало во 1913 г. За потребите на училиштето, од 8ха колку што имала станицата, со одлука на општината Битола, стопанството зголемило на 100 ха површина. Доделената земја, главно, била земја со лош квалитет, но со посебна технологија на обработка таа давала добар род и по обновувањето. Училиштето долго време не работело. Воените операции од Втората балканска војна, во 1913 г., како и оние од Првата светска војна, повторно ја прекинале работата на училиштето.

Во време на Првата светска војна во училиштето често биле стационирани единици, муниција, топови и др. Се менувале војски – едни си заминувале, други доаѓале. За училиштето, за другите образовни установи од Битола, како и за другите градови во
тогашната распарчена Македонија никој не водел грижа. Во тоа време пристигнале доборотворни друштва од Англија, Франција кои ги прибирале бездомниците и
сираците и ги сместувале каде ќе најделе простор. Во 1915 госпоѓа Харлеј, познатата добротворка и мисионерка во зградата на училиштето сместила поголем
број сирачиња и бездомний, главно, од битолските села и градот. Податоците зборуваат дека зградата на училиштето била повеќепати бомбардирана и обновувана, Нема документација за работата.Училиштето во времето од 1913 г. до 1921 г., единствено е сигурно дека постоела зградата и дека со промена на Власта (бугарска со српска и обратно) се менувале и состојбите во училиштето. За време на Војната Битола била скоро наполно разрушена. Урната била и зградата на Училиштето, инвентарот бил уништен, разграбен, во нивите имало закопано бројни неексплодирани гранати, ископани ровови, поставена бодлива жица. Ваквата состојба не дозволувала работа во училиштето.

По Првата Светска војна се формирало Кралството СХС (Версајска Југославија) во
чиј состав влегла и Варадарска Македонија, Битола, Веднаш по
воспоставувањето на српската власт започнале подготовки за обновување на Нижото земјоделско училиште во Битола. Во 1921 г. по третпат почнало со работа Нижото земјоделско училиште непрекинато работело до окупацијата во 1941 г. Кратко време, по Првата светска војна, од 1919 г. до 1922 г. работело и Нижото земјоделско училиште Душаново, скопско. Иако во 1928 г. било отворено Нижото земјоделско училиште во Тетово, Училиштето во Битола не изгубило ништо од својата улога водечко училиште, во образование на земјоделски кадар, не во Македонија туку и
пошироко во Кралството. Оттогаш (1921 г.), се до доаѓањето на фашистичките окупатори (почетокот на Втората светска војна) Училиштето работело како Нижо земјоделско училиште. Наставата изведувала на српски јазик. Управителот и професорите биле исклучиво Срби.

Наставата Средното земјоделско училиште започнала редовно во септември 1941 г., додека месеците јуни, јули и август биле искористени адаптирање на администрацијата, на училишната зграда во новите окупаторски услови. Со доаѓањето на бугарските окупатори во Битола започнало уништувањето на добитокот на инвентарот и другиот имот на Земјоделското училиште. Од бугарската војска (посебно офицерскиот кадар и битолските првенци нивни приврзаници) биле организирани банкети, пијанки и седенки. Затекнатите производи во училиштето биле испраќани од бугарските војници до нивните семејства во Бугарија. На овие гозби на бугарските офицери често правеле друштво и одреден број битолчани симпатизери на бугарската власт, на која слепо й служеле. Таквите седенки и гозби, на кои немилосрдно се разграбувал имотот на училиштето, биле редовна појава за време на окупацијата. Многу често учениците биле земани да учествуваат во разни празнувања, со цел врз нив да се шири бугарскиот дух.

Бугарските фашисти посветувале големо внимание за превоспитување на средношколската младина (на бугаризирање) и во слободното време ги собирале и ги организирале во посебни друштва и здруженија. Веднаш по доаѓањето ги формирале фашистичките организации Браник и Отец Паисиј. Бугарите го претвориле училиштето во Средно земјоделско училиште со четиригодишно образование. Првата генерација ученици била запишана во есента 1941 г. Тогаш беа основани два четврти
класа. Вкупниот број на учениците во овие класови изнесувал околу 75. Од нив само 25 биле Македонци, додека поголемиот број биле доведени од Бугарија за казна поради недисциплинираност, изречени казнени мерки и исклучување од други училишта. Некои од нив беа агенти на бугарската полиција, како и повеќемина од наставниците. Беа строги вршеа дискриминаторска политика спрема учениците од македонско потекло. Наставата се состоела од теоретски практичен дел. По теоретскиот дел се одело на практична настава на обработка на земјата и одгледување на сточниот фонд. Излегувањето од градот било ограничено, двапати неделно, со строго определено време за враќање навечер во интернатот. Задолжително со учениците одел војник или војничка патрола (во цивилна облека) со задача да го контролира движењето и состанувањето на учениците.

Животот во интернатот бил строго контролиран. Се одело дотаму што креветот македонскиот ученик да биде сместен меѓу креветите на бугарски ученици. За време на практичната работа бугарските ученици вршеле улога на надгледувачи и изрекувале физички казни, изживувајќи се на овие мрсници (погрден бугарски збор). Поради ова доаѓало до нетрпеливост и до чести вербални и физички пресметки. Македонските ученици возвраќале со иста мера и често доаѓало до судири меѓу македонските скоевци членови на Младинските организации Браник и Легионари. Членовите на Браник доминирале со дрскост и безобразие. Имало и отпишување на македонските ученици кои не можеле да ја поднесат големата тортура.
Се споменува дека македонските ученици не оделе во строј пред знамето на Царството Бугарија. Револтиран поради воспитувачот Коста Василев, познат по својата строгост, немилосрдно камшикувал македонските ученици. На тоа реагирал и директорот на училиштето, кој изрекол казна за учениците – неизлегување во град еден месец, додека на К. Василев, извесно време, му било забрането вршење на воспитувачката дожност. Во паркот на училиштето германската и бугарската фашистичка војска имале сместено камиони, тенкови, поголем број простории биле користени за сместување на војската. Теренот околу училишната зграда и дворот со економијата бил миниран. Сите натписи и плакати биле пишувани бугарски јазик. Meѓу учениците владееле воена психоза, страв и отпор. Секој ученик бил легитимиран. Непослушните ученици биле најстрого казнувани. Во секоја просторија на училиштето имало стап или дробен камен за извршување на казни кои се спроведувле и со одземање на купонот за исхрана, со исклучување од училиштето, па дури и со ноќна физичка работа во училишното стопанство.

Последните денови на окупацијата биле многу тешки и драматични, како за градот така и за Училиштето. Се било минирано, аеродромот кој се наоѓал во близина, пругата и голем број згради во градот. За жал, архивата на училиштето целосно била одземена и однесена во Бугарија, а уништен бил и инвентарот. Во Средното земјоделско училиште за време на Војната не успеала да матурира ниту една генерација. По капитулацијата на Бугарија (септември 1944 г.) Училиштето
било распуштено, многу ученици отишле во партизанските одреди или се вратиле во своите домови.

На 2 август 1944 г. се одржа АСНОМ на кое се донесе решение за конституирање на современата македонска држава. Со тоа започна период во историјата на македонскиот народ и во работата на Земјоделското училиште.
Пролетта 1945 г. Средното земјоделско училиште отпочна со настава на македонски јазик. Во учебната 1944/45 г. се запишале вкупно 27 ученици. Оттогаш училиштето работи континуирано, без никаков прекин, кога до денес, ja прославува 114- годишнината од постоењето и дејноста. Во март 1946 г., со одобрение на Министерството за земјоделие, биле примени да го довршат своето образование оние ученици што го прекинале истото поради воените настани. До учебната 1950/51 г. наставата траела три години, а учениците се стекнале со звањето земјоделски техничар. Од 1950/51 наставата почнала да трае четири години.

Извадок од Монографијата за Средното општинско земјоделско училиште Кузман Шапкарев Битола

Голема благодарност до директорот на Средното општинско земјоделско училиште Кузман Шапкарев Битола – Благојче Баки Кривевски и честитки 114 годишнина.