Планините се дом на милијарда луѓе и четвртина од сувоземните животни и растенија. Тие обезбедуваат слатка вода за секојдневниот живот на половина од човештвото. Нивната заштита е клучен фактор за одржување на развојот и постигнување на подобра и поодржлива иднина за сите.
ЗА ЖАЛ, планините се под закана од климатските промени и прекумерната експлоатација. Бидејќи глобалната клима и понатаму продолжува да се загрева, луѓето кои живеаат во планинските предели се соочуваат со големи проблеми и се соочуваат со уште поголеми борби, за да преживеат. Зголемените температури доведуваат до топење на ледниците и тоа во големи проценти. Ова е проблем кој не засега сите нас! Ние мора да се грижиме за природата, како што таа се грижи за сите нас ! ! !
Интернационалниот ден на планините, 11-ти Декември, своите почетоци ги има во документот „ Управување со ретките еко-системи: Одржлив развој на планините“ (наречен Поглавје 13), усвоен во 1992 година, и тоа како дел од акциониот план на „Агенда 21“, на Конференцијата за животна средина и развој.
Зголеменото влијание на планините, доведува до прогласување на 2002 година, од страна на ООН, за Интернационална година на планините, за да веднаш, следната 2003 година, се прослави и првиот интернационален ден на планините.
Фотографии од НП Пелистер