Во рамките на програмата на овогодишниот БИТ-Фест, инициран и поддржан од Општина Битола, беше одобрен и проектот – 11 Меѓународно графичко триенале Битола-ИГТ ТРИЕНАЛЕ и тоа како специфичен вовед во пред настан, низ кој граѓанството, професорите, студентите и заинтересираната публика ќе може да за запознае пред се за најновите светски дострели во создавањата на графичките уметнички дела. Настанот е одржан на 29 август 2024 во аулата на Теничкиот факултет во Битола.

Настано беше замислен како воведување на нов пристап во информирањето и запознавањето со оваа значајна културна манифестација, најголема во Република С. Македонија а според светскиот гафички центар Intergrafika од Полска вброено меѓу десетте најзначајни во светот.
На овогодишното издание, свое учество бележат околу 160 држави од целиот свет, со скоро 700 автори. Подготвен е обемен каталог на околу 900 страници.

Идејата е културарата и уметноста да биде постојано присутна во обрзовните институции, а особено на Теничкиот факултет во кои се изучуваат предмети кои се поврзани директно и индиректно со светот на гарафичкото творештво и индустрија. Учеството на автори од скоро целиот свет е одлична прилика да се откријат нови технолошки иновации особено во дигиталниот пристап на создавање и техничка примена. Воедно, графичките дела кои се сами по себе инвентивни, современи и актуелни во пристапот и начинот на обработување, се мошне инспиративни и врз развојот на дизајнот како и визуелната култура која е основа за низа елементи кои се дел од севкупниот систем на една средина и држава.
Културата, уметноста и творештвото, особено треба да бидат инволвирани во едукативниот, образовниот систем.
Покрај просторот, за попрегледно претставување на визуелниот материјал,беше и видео презентација со визуелно објаснување на скоро сите графички техники – творечки и индустриски.присутни на 11 Мешуародно Графичко триенале Битола 2024
Општина Битола, ќе биде презентиран во најафирмативна смисла преку свеченото отварање на оваа ликовно зиднување во месец октомвриа а од декември 11 Триенале ќе биде презентирано во Кина по нивно барање. Додека за отварањето во Битола, постојат големи можност да биде присутен амбасадарот на Арегентина заедно со еден од најголемите ликовни творци во светот – Леонардо Готлиб.

Фото Ивона Кочов