11 годишниот Петар Спасов од Битола со неверојатен цртачки талент

од January 26, 2021 0 коментари
Пандемијата наметна нов начин на живот за сите па и најмладите. Корона вирусот го промена и начинот на учење па сега учениците уште повеќе време дома. Пандемијата постави и многу ограничувања за дружење, па 11-годишниот Петар Спасов од Битола, ученик во 5-то одделение во ОУ Св.Кирил и Методиј одговорно почитувајќи ги препораките на здравствените работници, вишокот слободно време од почетокот на пандемијата пред околу една година, сите карантини, изолации, настава од дома креативно го користи слободното време развивајќи го својот талент за цртање.

Петар до денес имаат нацртано повеќе десетици различни цртежи, а инспирација наоѓа и во познатите ликови од омилените играни и цртани филмови како ,,Џокерот”, ,,Сунѓерот Боб”, ,,Војна на ѕвездите” итн.

Да си ги поддржиме младите цртачи. Браво за Петар.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *