Нашата родена битолчанка Рејчел Нахмијас која живее во Њу Џерси, САД, денес го прославува нејзиниот 104-ти роденден. Фотографијата од одбележувањето ја сподели ладино пејачката Сара Ароести која е исто со битолско потекло, а Рејчел е нејзина баба.
Рејчел уште како девојка успеа да се спаси од депортацијата во 1943 г., кога нашите сограѓани беа одведени од тогашниот бугарски фашистички окупатор во Монополот во Скопје па во логорот Треблинка, Полска.
Нејзината куќа каде што живееја цела фамилија се уште го краси центарот на Широк Сокак.
Мојата роднина Рејчел е родена во Монастир (сега позната како Битола, Македонија) – и преживеа повеќекратни војни и пандемии. Таа е навистина благослов и светлина на овој свет!… напиша Сара за неа.