Што е орган? Какви видови ткива има? Какви се коските однатре? Кој е најсилниот мускул? Зошто е посебна белодробната артерија?
Ова е фантастичен водич со богата содржина, многу детален и едукативен. Опфатени се сите делови почнувајќи од основните поими, локомоторен систем, крвоток, имунолошки систем, респираторен, дигестивен, ендокринолошки систем, кожа и влакна, уринарен систем, неревен систем, репродуктивен систем и сите сетила. Текстот е дополнет со извонредни илустрации, пресеци, стрелки, заокружувања во боја, кои во детали ги претставуваат органите и нивните функции. На ваков начин лесно и брзо ќе одговорите на многу прашања за човечкото тело кои си ги поставувате во одреден момент. Оваа илустрирана енциклопедија ќе им помогне и на оние кои се во медицинската струка за реализирање на школски задачи.
Нема повеќе од ова да ве воведуваме во овој наслов, само ќе кажеме дека вреди да го има секоја домашна библиотека.