Предизвикот за најубав слоган што го започна страницата Бабам Битола заврши – а победник е слоганот „100ЛЕТие“ на Ана Р. Петровска, кој ќе стане и официјален симбол на големиот јубилеј: 100 години авијација во Битола.

Одличната игра на зборови ги спои векот на летови со љубовта кон небото, и веќе е отпечатена на јубилејните маици што ќе ги носат пилотите, пријателите и гостите на клубот.

Во сабота, 11 октомври, од 12:00 часот, спортскиот аеродром во Логоварди ќе биде место каде Битола ќе го слави својот век на летови – со свечена академија, изложба на летала, DJ сетови на Гоце Саф, Тортата и настап на Pop Art Band.

Времето ќе биде сончево, според прогнозите и ќе биде голем празник на летовите над Битола.

Битола има аеродром. И чупиња авиони.

Е факт…