100 години воздухопловство во Битола

од October 2, 2025 0 коментари

Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ – Битола годинава одбележува голем јубилеј – 100 години од првиот лет и првиот падобрански скок во градот.

Со тоа започна традицијата на воздухопловството во Битола, која низ генерации остана симбол на храброст, авантура и посветеност кон небото. Аеро Клубот прерасна во место каде што љубовта кон летањето се спојува со науката, а авантуристичкиот дух се претвори во вредност што се пренесува и денес.

Под мотото „100 години под истото небо, 100 години лет“, клубот најавува серија настани со кои ќе биде одбележан овој значаен јубилеј.

Првиот настан од програмата ќе биде претставен наскоро.

Babam Bitola

Comments are closed.