Синоќа заврши 10-то јубилејно издание на фестивалот Широк сокак во бело – Бела ноќ Битола. Битолчани уште еднаш покажаа дека знаат како да се забавуваат.

За првата вечер, во петокот, неколку илјадната публика уживаше во хитовите испеани од Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓоргиевски, Виктор Апостоловски кои заедно со Камерниот оркестар на Битола на битолчани им ги подарија најголемите македонски и светски хитови. Во саботата битолчани уживаа во прекрасната атмосфера подготвена од Кирил Џајковски, кој заедно со неговиот бенд и локалните диџеј Љубиша и Ацика, кој со неговиот ритам буквално неколку часа не ги остави на мира.

Во краткиот разговор со него тој истакна дека презадоволен од пречекот, односот и гостопримството на битолчани кон него. Му е мило дека со него пред 10 години започна овај мал Фестивал и повторно е пак пред битолската публика, која ја обожава како постојано да е секаде со него.


Најбитно од сето ова е фактот дека целиот настан помина без проблеми, во мирна и безбедна атмосфера, благодарение на добрата организација на самите организатори и службите за одржување на јавниот ред и мир на територијата на град Битола. Со ова битолчани уште еднаш покажаа дека навистина знаат како добро да се забавуваат.