Карате клубот „Заншин До“ од Битола оствари исклучителен успех на меѓународниот меморијален турнир во чест на Игор Лазаров, кој се одржа на 29 ноември 2025 година (сабота) во ООУ „Антон Димитров“ во населбата Бутел – Скопје. На натпреварот учествуваа 759 каратисти од 15 држави.

Битолскиот клуб се закити со вкупно 6 медали – 1 злато, 2 сребра и 3 бронзи.

Освоени медали:

🥇 Златен медал – ката тим кадети/јуниори (машки):

Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски

🥈 Сребрен медал – ката тим кадети/јуниори (женски):

Леона Алиловска, Елена Јончевска и Емилија Илковска

🥈 Сребрен медал – ката јуниори (женски):

Елена Јончевска

🥉 Бронзени медали:

• Емилија Илковска – ката јуниори (женски)

• Давид Стојчевски – ката јуниори (машки)

• Михаил Марковски – ката јуниори (машки)

Тренерот Стевка Јанковска Петковска истакна огромна гордост од резултатите, нагласувајќи дека катите бараат долгогодишна работа и посветеност.

„Овие натпреварувачи тренираат секојдневно по 10 до 12 години. Полека, но сигурно, целите се остваруваат. Тука не застануваме – продолжуваме со подготовки за нови предизвици“, изјави тренерката.

Следна дестинација за клубот е Европското првенство во Лимасол, Кипар, кое ќе се одржи од 06 до 08 февруари 2026 година.