Има настани кои се тим билдинг за една компанија, но има и настани кои се создадени да бидат многу повеќе од тоа. Еден таков настан е и Тransformational Leadership Summit организиран од ⋮IWConnect на кој учествуваа повеќе од 170 вработени од компанијата во времетраење од 4 дена во хотел Дрим, Струга.

Успехот не се случува преку ноќ. Голем број луѓе сакаат да бидат успешни и зборуваат за тоа, но само мал процент од нив прават нешто за тоа, и успеваат. За да бидеш успешен треба да бидеш подготвен за многу лични промени, да влијаеш на својата иднина и да го живееш животот кој го сакаш. Но, секоја промена, дури и најмалата е тешка. Имајќи го во предвид тоа, и водејќи се од корпоративната култура која вклучува фокус на постојан личен и професионален раст и развој, ⋮IWConnect го организира овој самит чија содржина беше посветена токму на тоа – личен раст и развој, надминување на сопствените граници и живеење на исполнет живот.

„Низ долгите години посветени на работа, градење на тимови, градење на лидери, и водење на тимови, многу компании се соочиле со прашањето за посетување на мотивациски програми за личен раст и развој како и градење на лидери. Во морето на такви програми се избираат оние кои се покажале дека имаат најдобро влијание. Но, многу често ентузијазмот и мотивацијата по таквите програми се намалува, и по одреден временски период нивното влијание речиси и да не се чувствува. Водени од сопственото искуство и од својата корпоративна култура, ние создадовме своја програма, за личен раст и развој на вработените, која во минатото неколку пати успешно ја реализиравме со помала група на вработени, а овој пат таа програма беше проширена и опфати повеќе од 170 вработени.“ – рече Александар Мемца, презентер на самитот.

⋮IWConnect со овој самит уште еднаш укажа на уникатниот системски пристап за личен раст и развој на своите вработени, кој соодветствува со вредностите кои компанијата со години ги развива. Активностите кои беа спроведени во текот на четирите дена беа насочени кон основните човечки вредности, начини за справување со предизвици, чекори за постигнување на невозможното, учење како да се следат навиките, спознавање на себеси, итн. Покрај тоа беа вклучени и две активности кои не се вообичаени за нас, но се во склоп со вредностите на ⋮IWConnect (авантуристички раст) и со целта на овој самит, а тоа беа: забава по пижами покрај базен и ноќно капење во 2 по полноќ.

“Овој концепт има висококвалитетна содржина, кој не е само чиста забава, но минувајќи низ процесот на трансформација учесниците се забавуваат. Тоа што овој самит го прави поразличен од другите програми за личен раст и развој е пристапот, односно се оди во суштината на човечкото однесување и се обрнува посебно внимание на уверувањата на секој поединец кои го ограничуваат во неговиот напредок. Во текот на сите четири дена беа вклучени вежби со кои присутните научија како невозможното да го направат возможно, и како во предизвикувачки ситуации да се вратат во состојба на ЈАС МОЖАМ ДА НАПРАВАМ СЀ!.

Ние како компанија веруваме во потенцијалот на нашите вработени, и како наше најголемо богатство особено ни е важно и тие самите да веруваат во себе и во својот бесконечен потенцијал. Тоа е она што го вежбаме на ваквиот вид на настани, а и настанот беше одлична прилика луѓето подобро да се запознаат помеѓу себе, да споделат искуства и да го зголемат своето знаење. Преку нивниот личен развој, ние креираме подобри индивидуалци, подобри тимови, подобри лидери и поголема вредност за нашите партнери и клиенти.“ – додаде Александар.

Низ изминатите години ⋮IWConnect стана позната и по своето учество во обезбедување на подобар живот за заедницата преку нивните општествено-одговорни активности, како што се донирање и засадување на садници, донирање на прочистувачи за воздух, донации во изградба на паркови итн. Па така и на самиот настан, ⋮IWConnect воведе уште една активност од општествено-одговорен карактер – чистење на плажата околу хотел Дрим, Струга. Инвестирањето во заедницата секогаш се исплаќа.

Видео од настанот

⋮IWConnect со неодамнешното преселување во новата управна зграда, наменски создаден за потребите на вработените на компанијата врз највисоки стандарди и применети иновации во архитектура и градежништво, прават престојот на работното место да биде неверојатно пријатно искуство за тимот, кој дополнително со осмислени програми за себеусовршување продолжува да цели кон успехот на еден посебен начин, по кој оваа компанија станува се повеќе препознатлива.

За повеќе информации за настанот, што точно се случуваше, како и искуства од учесниците, следете ги социјалните мрежи на ⋮IWConnect Facebook, Instagram, LinkedIn и нивната веб страна www.iwconnect.com

Андријана Димитриевска
[email protected]
Content Marketing | Employer Branding & B2B Marketing

Ана Дукиќ
[email protected]
HR Recruiter