Единствениот, делумично сочуван џамиски комплекс во Битола, комплексот Хаџи беј, кој влегува во состав на Старата битолска чаршија, е комплекс кој почнува да се формира околу џамијата Хаџи Махмуд-бег, односно Хаџи беј, во раниот XVI век.

Според податоците со кои располагаме, првиот, т. е. главниот објект во комплексот-џамијата, е изградена од страна на Мехмуд бег, во чии раце беше целата управна власт во Битола, во 1522 год.

Првиот објект, најрано изграден, околу кој почнал да се формира комплексот изграден од страна на Хаџи бег, познат и како Томрук ага, е џамијата, изградена 1521/22 год., за чие одржување донаторот оставил 30.000 кеси аспри (една кеса имала 500 аспри), 10 дуќани и 10 куќи.

Оваа џамија е позната и како Минар или Мимар Хоџа бег изградена во некогашна Чекрекчиска чаршија, денешниот Рибен пазар.

Минаретот од овај објект е срушен од земјотресот во Битола на 1.9. 1994 год. Во дворот на Џамијата денес се влегува низ полуобличесто засводен ходник, изразито висок, над кој на катот постои една просторија со оџак до која водат полукружно поставени камени скали. Во ходникот постојат и влезови, како и прозорци со решетки, за бочните простории ( по две лево и десно), кои се на ниво на приземје се исто така засводени. Под овие бочни простории постојат визби со влезови (изведени од камен) од дворот кои се изразито ниски. Начинот на зидање на објектот, т. е. овој дел од комплексот Хаџи беј, како во поглед на користениот материјал-фино клесан камен, така и во поглед на украсувањето нарочно при обработката на аглите, акротериите, кровниот венец и сл., освен кај просторијата на кат која е од типот на канатни конструкции, укажува на тоа дека се работи не само за значаен објект во состав на комплексот, туку и за богат донатор.

Дворот во кој се доаѓа преку предходно опишаниот влез, условно наречен преден двор, а доста тесен и наспроти наведените објекти, се наоѓа долг правоаголен објект кој го заградува овој двор. Објектот не е толку репрезентативно граден, како предходниот и има типа на прозорци и влезови свртени кон дворот. Во ентериерот на овој полуобличесто засводен објект јасно се гледаат трагови од порушените преградни зидови меѓу повеќе простории кои поседувале по еден оџак.
Постоењето на овој влез кој води директно во дворот пред џамијата укажува на тоа дека и покрај тоа што постои врска со порано наведените објекти во комплексот, сепак се тие на некој начин изолирани,а тоа е најверојатно обусловено со една од можните функции: медреса(место каде се учи), мектеб(место каде се пиши), библиотека, ан, завие,даира или слично. Ова воедно укажува и на тоа дека со сигурност можеме да тврдиме дека овие објекти биле составен дел на некогашниот комплекс.

До 1921 г. во составот на вакафот беше активна медреса,позната со името како “Турска медреса”

Во врска со функцијата на опишаните објекти постојат повеќе претпоставки, што е секако резултат не само на делумичната сочуваност на комплексот и многуте интервенции со кои е променет архитектонскиот изглед на наведените објекти, туку и на непостоењето на вакафнама, па податоците со кои располагаме иако се изворни, “се спорадични и недоволни”. *

Денес на ова место е бар Чаршија.

Тука денес е спојот на ориенталното и градското живеење.Испиете го лезетското кафе,вратете се многу години наназад и претворете ја “Душата бавча”…
*Извадок на Радмила М.Петкова од Зборникот на трудови од Заводот за заштита на спомениците на културата,природни реткости, Музеј и галерија Битола

Благодарност до сопствениците на Бар Чаршија.

Уживајте во галеријата…