Јукико Иока, кинематограферка на филмот „Тркало на среќата“, чија проекција публиката можеше синоќа да ја погледне денеска на онлајн средба со новинарите говореше за фестивалите, соработката со јапонските режисери, начинот на снимање во Јапонија….

Филмот „Тркало на среќата“ е награден со Сребрена мечка на Филмскиот фестивал во Берлин во 2021 година. Разговорот со неа го водеше Слаѓан Пенев, селектор на долгометражните филмови, кој истакна дека „Тркало на среќата“ е сниман во традиција на јапонската кинематографија и на овој начин се продолжи традицијата на прикажување филмови од јапонски автори на ИФФК „Браќа Манаки“, меѓу кои има и три наградени со „Златна камера 300“

-Ова е мое прво учество на фестивалот „Браќа Манаки“. За еден филм имав номинации за награди на неколку фестивали оваа година, додека за друг бев номинирана на Меѓународниот фестивал во Марсеј, Франција, каде добив две награди. Станува збор за филм на режисерот Сугита. Со него за прв пат работев пред десеттина години и тоа беше мошне интересен проект. Соработката се одвиваше природно и продолживме да работиме и подоцна, рече Иока.

За соработката со Хамагучи рече дека заедно работат одамна, бидејќи заедно учеле во училиште за режисери во Јапонија и одлично се разбирааат.

-Специфичноста на овој филм е тоа што сцените се прилично долги и камерата снима подолг период. Идејата е со долгите кадри, бидејќи нема запирање во процесот на снимање, самата актерска игра мора да делува поприродно, тие не застануваат нешто да корегираат во актерската игра. Хамагучи инсистира повеќе на дијалози, фокусот е на лицата…, рече Иока.