Јонче Христовски е легенда на македонската народна музика…не само како пејач, туку како композитор и текстописец на многу познати македонски народни песни (Ој, Вардаре македонски, Македонско девојче …) со специфичен стил на изведба на песните…ги пееше со жар, со емоции, се внесуваше во нив…беше голем боем…штета за Македонија што еден ваков човек кој остави бесмртни македонски песни , не е веќе меѓу нас, да создава, да пее, да вложува во мајката земја, како што тој- Јонче Христовски за целиот свој живот знаеше да вложува и дава… Не само како пејач, туку и како композитор и како текстопишувач беше посебен- бесмртен.. човек со посебни вредности за Македонија. Погледнете само за миг во еден негов МЕГАХИТ- песната со душа- Македонско Девојче- песна која ќе живее додека сме живи Македионците… А исто така и песната Едно Име Имаме…Која и денес им ги пара ушите на нашите соседи…
Едно име имаме… Запеј песна Македонијо…

Јонче е неповторлив, вечна му слава…

„Македонијо во срцето те носиме, од таму никој и никогаш нема да те искорени..“.

Јонче Христовски е македонски пејач, македонски текстописец и македонски композитор на песни во народен дух, исклучително популарен yметник, кој славата на македонскиот мелос ја пренесуваше низ целиот свет. Создаде сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Се прослави со својата песна „Македонско девојче китка шарена” (1964), чии препеани верзии се појавија на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски, јапонски, шпански и на други јазици.

Впечатливи се неговите енергични интерпретации на „Животе мој”, „Ај засвирете ми чалгии”, „Запеј песна Македонко” и многу други во извонредно богатиот репертоар.

Многу мина го паметат и како еден од најактивните членови на ансамблот „Танец” (пејач и играорец). Најомилено оро му беше „Калајџиското“ , за ова и за многу други беШе негова кореографијата. Како одговорен за народната музика во националната телевизија- ТВ Скопје, ја иницираше и ја реализира серијата „Распеани градови” (1974), која се памети како еден од најзначајните проекти на ТВС.

Јонче Христовски беше оженет ,татко на две прекрасни девојчиња Олгица и Невена.

Јонче Христовски е еден од неколкуте вистински македонски бардови на народната песна, рамо до рамо со Александар Сариевски, Никола Бадев и Кирил Манчевски. Огромна е почитта од Македонците по сите континенти, но и од сите кои имале можност да ја слушнат неговата песна . да ја видат неговата енергија и жар со кој ги интерпретираше македонските песни, огромна е почитта за неговото музичко дело како најсилен афирматор на македонската музичка и национална посебност и уникатност.

Песните како Македонско девојче,Ој, Вардаре македонски, Ако умрам ‘ил загинам, Mој роден крај и И ние сме деца на Македонија, препознатливи по неговата карактеристична изведба се трајно врежани во македонскиот музички код и вечно ќе останат како вистински ремек дела испеани од еден вистински Великан. Јонче во негов стил, неповторлив, со посебна сценска изведба за секоја песна.клечи удира на земјагта, ја бакнува, со што на симболичен начин ја изразуваше љубовта своја и на неговиот народ за Македонија, на друга песна го вади палтото , го врти го врти и го фрла во недоглед, во публиката….

Неговите современици се сеќаваат – „ Јонче.. грми со гласот во песната Грмеле топови.емотивен во неговите автобиографски и анталогиски песни (Животе мој, Свирими гитаро) , лиричар, боем.. Абе закон човек беше . Голем, ептен голем мераклија…Сите ептиети ги заслужуваше на неповторлив, уникатен во стилот на пеењето, играњето и шармирањето…

Токму затоа, машката ракометна репрезентација на Македонија за своја химна ја прогласи песната Едно име имаме на Јонче Христовски.

Женската ракометна репрезентација на на Македонија за своја химна ја прогласи песната Македонско девојче на Јонче Христовски,
ФК Вардар за своја химна ја има песната Ој, Вардаре Македонски, на Јонче Христовски. Секоја песна на Јонче е македонска химна која ги разгалува срцата на Македонците, им ги отвора устите да ги запеат без разлика каде се наоѓаат на земјината топка, на слави, свадби, веселби, седенки…

Секојдневно одѕвонуваат неговите рефрени:

Ај засвирете ми чалгии
Ај засвирете ми чалгии, една песна мераклиска,
да се сетам на младоста да се врати в срце радоста…
свирете ми чалгии, свирете ми се од срце, празник ми е на душава
Денес плачам за младоста, да се врати в срце младоста…
Свирете ми чалгии, свирете ми се од срце, празник ми е на душава.
денес плачам за младоста…
Ај засвирете ми чалгии, една песна како животот,
очи солзи да наполнат
душа моја да олеснат

А секој Македонец наизуст ја знае неговата:

Ако умрам ил загинам
Немој да ме жалите
Напијте се рујно вино
Скршете ги чашите!
Хеј хеј хеј ВЕРНИ ДРУГАРИ
Песна запејте.

Едно име имаме
Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци
и под Пирин Македонци
славно име, непокорно.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо.

Како ширни полиња
а до небо планини
реки златоносни
а езера бисери.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо.

Мајко Македонијо,
балканска убавице,
кој се роди во тебе
и живот дава за тебе.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о, Македонијо.

Јонче Христовски за големиот придонес во музиката добитник е на голем број награди, одликувања и признанија.

Јонче Христовски роден во Битола, 1933 цел свој живот го посвети на создавање и исполнување на македонската песна која допира до секој од нас. Неговите рефрени се безвременски и остануваат нај пеени, дел од секојдневието, дел од веселбите. Полни со патриотски дух, борбеност, живост, песни кои говорат за македонското битие.

Започнувајќи со песна од својата најрана возраст- неговиот живот е цел живот – песна. 45 години посветени на песна. Почина во Скопје, 5 април 2000. година.

И ние сме деца на Македонија – е нешто посебно, песна која само тој може да ја изведе со тој жар и душа.

Наизуст низ рефрените на Јонче Христовски:

Мој роден крај
Едно име имаме
Ако умрам ил загинам
Свирете ми чалгии , и многу други во ист стил и музика…

-неизоставно на свадби и сите веселби на македонците, каде и да сме…

Ансамблот за народни песни и игри посветен на овој македонски пеец- Јонче Христовски во Скопје е формиран со цел да го изучува,негува и презентира македонскиот фолклор и обичаи изразени низ народни игри,песни и носии кои го подразуваат историското минато и богато културно наследство на македонсиот народ.Овој ансамбл во моментов брои околу 120 членови поделени во повеќе групи,а исто така во ансамблот функционира детски оркестар.На програмата на ансамблот имаме оставено повеќе кореографии постановки од најразлични региони на Македонија.

Пред триесеттина години, нашите иселеници во Германија му се обратија со писмо на и молба до Јонче Христовски , да им дозволи да формираат КУД, кое ѓе го носи негово име. Јонче со задоволство ја прифати молбата и на озваничувањњето на друштвото лично присуствуваше. И не само тогаш, Јонче постојано беше нивен гостин и многу им помагаше во создавањето на програмата. Ова друштво посебно ја негува песната што ја создаде неуморниот и најзабележителниот македонски кантавтор на новосоздадена македонска народна песна.

Свадбите остануваат една енклава во која автохтоната музичка култура се спротивставува на акултурациските процеси што ја следат глобализираната масовна култура на 21 век. Свадбената музика која е создадена со намена, односно се однесува на младоженецот, невестата, кумот, или свекрвата, а се изведува во одделни фази од свадбата, како што се подготовките, одење по невестата, венчавање во црква или блага ракија.

Современата македонска народна песна од Јонче Христовски, која почна да ја создва од шеесеттите години на минатиот век, па се до неговата смрт, е прифатена од народот и масовно се изведува на свадбите и се прелева во македонската традиција и македонскиот фолклор. Тука мораме да ја споменеме и песната како “Македонско девојче” од Јонче Христовски, која исто така е толку значајна за зачувување на македонската традиција, како и песни создадени пред 50 или повеќе години, кои имале свој автор, кој ги напишал, но биле толку пати препејувани што авторот се “изгубил” со текот на времето. Онаа постарата народна музика и оваа од поново време, подеднакво се изведуваат било да се работи за одење по невеста или пак, во општата веселба.

Јонче Христовски поради песната ,,Едно име имаме“ , а и поради “Ој Вардаре македонски, од извора дур до Солуна“ беше прогласен за непожелна личност од Грција и влезот во Грција му беше забранет. Мирно живееше, беше и горд тоа што му се случило, и живееше како вистински Македонец…

Во песните на Јонче Христовски имаше и шегобијни. Таква е МОДЕРНА СИ ИМАМ ЖЕНА – хумористична песна во која се пее- Модерна си имам жена, пријатели мои, граѓанка од добра куќа и од добар сој. Да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш, леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш. Косата си зачешлала како скубана, како квачка накоштрена со сто пилина. Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш, леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш. Устата си намачкала ока црвило, а на очи истурила сиво мастило. Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш, леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш. Како крпа да врзала на половина, фустан носи над колена, голи рамена. Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш, леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш. Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш, леле, три дни далеку да бегаш… Леле, леле… бегај, бегај… да не е сретниш.

Ако ја чувствуваме убавината на зборовите и да се понесеме со чувствата низ музиката како водата што ја пиеме е од извори кои не прашуваат чија уста е жедна, жедта по песна ќе ја угаснете со песна од драгиот Јонче Христовски и “Свирете ми чалгии”… песна вселенска која пее за жал по младоста…

Затоа запеј… Запеј мајсторе! Запеј од срце…
Статија на “Македонска нација”