Денес минимална температура во Битола официјално е -20 степени под нулата. Ние битолчани би ставиле уште 5, -25… Се додека реката Драгор нема замрзнато на сите ни е јасно дека и не е толку многу ладно за да се пожалиме дека не се издржува. Битола и битолчани паметат уште пониски температури, паметиме и повеќе снег и тоа не е ни малку проблем за нас и нашето редовно функционирање. Можеби од ладното пингвините паѓаат во несвест но не паѓаме и ние нели?… 🙂