Во сабота за „Широк сокак во бело“ на 24 август се планира за прв пат да се направи и програма за најмладата публика, па така манифестацијата продолжува на платото пред белата зграда на Офицерскиот дом, каде што од 19 до 21 часот ќе се одржи специјална детска програма.

Овој дел од настанот е посветен на најмладите, кои ќе можат да учествуваат во разни креативни активности, игри и перформанси, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ.

Планиран е детски хепенинг со СИ-ДО ѕвездичките, училиште за кловнови и магионичари, маскоти, музички перформанси на децата од Градинките Мајски цвет и Пролет проследен со богати награди од генералниот спонзор Алпско.